Како да ја прочитате димензијата на гумата

Сè што треба да знаете за гумата е напишано на нејзината страна. Со пример 205/55 R16 91H, еве што значи секој дел од ознаката.

Ажурирано: 9 ное. 2026 г.

Што значи секој дел од ознаката

ОзнакаЗначење
205Ширина на гумата во милиметри
55Висина на профилот како процент од ширината: 55% од 205 мм, околу 113 мм
RРадијална конструкција
16Дијаметар на фелната во инчи
91Индекс на носивост: 615 кг по гума
HИндекс на брзина: до 210 км/ч

Каде да ја најдете точната димензија за вашето возило

Најсигурни се налепницата на рамката од возачката врата или на капакот од резервоарот и упатството за возилото. Таму се наведени димензиите што ги одобрил производителот.

Проверете ја и димензијата на гумите што ги имате сега, но не се потпирајте само на неа: претходниот сопственик можеби ставил друга димензија.

Индекс на носивост

Бројот кажува колку килограми може да носи една гума при пропишаниот притисок. Индексот на новата гума треба да биде ист или поголем од пропишаниот за возилото.

ИндексНосивост по гума
75387 кг
79437 кг
82475 кг
84500 кг
86530 кг
88560 кг
91615 кг
94670 кг
97730 кг
100800 кг
104900 кг
107975 кг
1091.030 кг
1121.120 кг
1151.215 кг

Индекс на брзина

Буквата ја покажува највисоката брзина за која е конструирана гумата. Новата гума треба да има ист или повисок индекс од пропишаниот. Кај зимските гуми производителот на возилото понекогаш дозволува понизок индекс, затоа проверете го упатството.

ОзнакаНајголема брзина
Q160 км/ч
R170 км/ч
S180 км/ч
T190 км/ч
H210 км/ч
V240 км/ч
W270 км/ч
Y300 км/ч

Други ознаки на гумата

  • XL или Reinforced: засилена гума со поголема носивост за таа димензија.
  • C по дијаметарот, на пример 205/65 R16C: гума за комбиња и лесни товарни возила. Има два индекса на носивост, на пример 107/105T, за единечна и за двојна монтажа.
  • M+S: ознака за кал и снег што ја поставува производителот.
  • Снегулка во планина со три врва (3PMSF): гумата го поминала стандардизираниот тест на снег.
  • Run Flat (RF, RFT, ROF, SSR, зависно од производителот): со гумата може да се вози кратко растојание и по губење на воздухот.
  • DOT: последните четири цифри се неделата и годината на производство. 2324 значи 23-та недела од 2024 година.

Неопходното складирање ги овозможува кошничката и пристапот до нарачките. Google Maps и Google Analytics се вчитуваат само ако дозволите. Изборот за мапата и аналитиката е одделен.

Политика за приватност и колачиња